Според библиската приказна мигот кога Адам и Ева го пробале јаболкото сфатиле дека се голи и побрзале да се покријат со нешто. Со векови облеката била само тоа – материјал со кој луѓето се покривале себе си. Но веќе одамна тие години се зад нас и денес луѓето не се облекуваат за да се покријат, туку напротив, за да се покажат. Она што го носиме на себе кажува многу за нас, за нашиот карактер, за нашата личност. Но исто така она што го носиме на нас прави да се чувствуваме убаво, пожелно, самоуверено. Кога наутро стоиме пред плакарот и одбираме што ќе носиме тој ден во исто време одбираме и како ќе се чувствуваме тој ден. Трудете се секогаш да се чувствувате убаво. За да успеете во тоа Ерос ви нуди предлог на 10 парчиња кои ова лето ќе сакате да ги имате во својот куфер. Јуни пополека почнува да доминира, термометрите се искачуваат а луѓето почнуваат да го пијат кафето со многу коцки лед и пополека ги резервираат дестинациите за ова лето. Која и да е плажата на која ќе одмарате ова лето одмарајте со стил и самодоверба. Во продолжение погледнете ги предлозите од Ерос за вас.
1.Костим за капење
Луис Реард бил човекот кој во четириесетите го измислил првиот костим за капење од само 30 инчи материјал. До тогаш сите костими за капење кои се произведувале биле направени од премногу материјал и не смееле да го изложуваат папокот на жените – тој секогаш бил покриен. После ова оваа индустрија доживеала подем и костимите за капење претрпелее големи трансформации, а нивнте форми, облици и бои денес се навистина здивоодземувачки. На сликата го гледате Emily моделот од Ерос кој доаѓа во три дела. Горен дел кој им дава на вашите гради убав облик, долен дел и марама. Неговиот дезен е навистина нешто посебно.
- Долна облека
Секоја една жена или девојка во својот плакар треба да има барем еден пар долна облека во која ќе се чувствува убаво, самоуверено и пожелно. Ерос е совршената онлајн продавница каде овие епитети се очигледни на секој нивен производ. Моделов на сликата е само еден пример од многуте нивни видови на долна облека кои зрачат со сензуалност и уникатност. Моделот доаѓа во два дела во нежно бледа розова декориран со срциња кои одлично се вклопуваат во дизајнот.
Фустан
Цветните фустани брзо го заземаат местото во плакарот на девојките. Цветниот принт е доста актуелен оваа пролет а ќе продолжи и во текот на летото. Овој фустан со идеална должина и идеално деколте кој се заврзува на рамениците а го има во сите големини е создаден за ноќни прошетки покрај плажа, за пладневен коктел во некое кафуле или било која прилика во која сакате да се чувствувате удбно.
- Корсет
Корсетите биле измислени во 1500тата година од Катерина де Медиси во Франција и најпрвин ги носеле буржоаските жени. Подоцна од поскудни материјали ги изработувале и оние жени кои припаѓале на работничката класа. Ако мене ме прашувате овој корсет со неговата одлична форма, со цветниот принт и корпите кои убаво ги обликуваат градите дефинитивно ќе направи да се чувствувате како буржоаска жена.
- Панталони
Стилот на осумдестите повторно се враќа и во таа насока и Ерос лансира свои панталони кои се во baby pink нијанса со црвени срценца. Тие се тесни околу струкот а широки во ногавиците и се навистина шик и комфорни.
- Костим за капење
Овој црвен костим за капење е погоден и за жените со мали гради а и за оние со големи. Ја истакнува формата на вашето тело и прави да се чувствувате удобно во својата кожа. Заблескате на плажа ова лето.
- Плетена чанта
Плетените чанти се почесто го заземаат своето место на излозите од бутиците и ги гледаме често обесени на рамото на девојките. Овие чанти кои доминирале во модата во седумдесетите повторно се враќаат и несомнено ќе бидат сензација и ова лето. Рачката од бисери ќе му даде елегантен тон на аутфитот со кој ќе ја комбинирате чантава.
- Корсет
Уште еден корсет со сини цветови кој доаѓа како боди на куси ракави и е елегантно провиден. Освен со сини има и со темно розеви и светло розеви цветови а примероците од истите можете да ги најдете на eros.mk
- Долна облека
Доколку сте од оние жени кои преферираат чипка ова е идеална комбинација за вас. Овој комплет дава сензуален и убав тон на вашето тело. Облечете го еднаш со вашиот партнер и вашата спална соба ќе стане место во кое тој едвај ќе чека да влезе.
- Костим за капење
Овој модел на костим за капење го гледаме на модните блогерки на инстаграм насекаде низ светот а конечно стигна и во Македонија и можете да го најдете во Ерос во прекрасна светло сина океанска нијанса која ќе изгледа убаво на секоја градба на тело.
Се надевам дека овие предлози од Ерос ќе ви помогнат во пакувањето за на одмор ова лето и истото ќе ви го направат возбудливо. Дозволете Ерос да се погрижи ова лето да изгледате како најдобрата верзија од себе. Нив ќе ги најдете на eros.mk или на нивниот инстаграм профил @eros.underwear . Во меѓувреме тие ви спремаат изненадување. Како ви се чини бесплатен одмор и бесплатна облека од нивната онлајн продавница? Бидете присутни на нивната страна и дознајте први.