A healthy outside starts from the inside -Robert Urich
Здравјето, како и благосостојбата, се од оние работи кои ако ги чуваме и се грижиме за нив ќе ни служат и ќе ни потрајат подолго. Со предизвиците на новиот век многу е лесно да се препуштиме на нездрав и неконтролиран тек на нашиот живот и нашето здравје. Недоволен осумчасовен сон, брза храна, занемарување на главоболки и забоболки, пиење премногу кафе, премногу алкохол, невнесување доволно витамини, доволно вода сето тоа кое можеби сега ни се чини и не толку сериозно еден ден може да дојде по својата камата. Здравјето е највредното нешто што го имаме и понекогаш забораваме да му обрнеме внимание. Но нека не биде така повеќе и уште од денес да направиме нешто што ќе го промени правецот на нашата благосостојба, нашето здравје и нашиот живот. Во продолжение прочитајте неколку совети како подобро да ја зачувате својата благосотојба.
- Вежбајте редовно и бидете физички активни
На многу може да им се чини тешко да го стават вежбањето во својот распоред и во своите навики но 20 минути вежбање на ден може да ви го смени животот. Независно од тоа дали ќе вежбате дома, дали ќе пешачите, дали ќе си го шетате кучето или дали ќе се зачлените во теретана или јога клуб физичката активност добро ќе му дојде на вашето тело и ќе си бидете благодарни за тоа десет години од денес. - Посетувајте доктор редовно.
Редовната посета на доктор може да превенира многу болести. Наједноставните прегледи на крниот притисок, на холестеролот, прегледите на гинеколог и заболекар ќе ви го продолжат животот повеќе од што мислите. Жените треба барем еднаш годишно да ги прегледуваат своите гради за откривање на рак на дојката, особено оние во постари години.
- Водете сметка за својата тежина.
Прекумерната тежина може да биде пречка но и причина за многу болести. Мало занемарување на тежината од неколку месеци може да доведе до вишок киглорами кои тешко ќе ги симнете. Редовното вежбање и активност е секако најдоброто решение наместо строги диети и изгладнувања. - Пијте редовно вода и бидете хидрирани
Дури и кога сме свесни дека пиењето вода е добро за нас сепак ќе се најдеме во ситуација каде што поминале три четири часа а ние не сме се напиле вода воопшто. Хидратацијата е битна како за надворешниот изглед така и за внатрешниот. Секогаш носете шише вода со вас насекаде а можете да си инсталирате апликација која ќе ве потсетува на секои петнаесет минути дека треба да испиете водa.
- Внесувајте повеќе витамини одколку брза храна
Ти си тоа што го јадеш. Храната е енергија и е голем дел од нас и нашето здравје. Нездравата храна не уморува и не прави поспани а пак зеленчукот, овошјето, здравите оброци не полнат со енергија и на тој начин можеме полесно да ги извршиме дневните обврски. Појадокот не треба да се прескокнува бидејќи тој ни е главен двигател во првата половина од денот. А црвеното месо треба почесто да го заменуваме со риба и да јадеме храна која е богата со јаглерохидрати. - Не го занемарувајте правилото на 8 часовен сон
Поминуваме една третина од животот во спиење и тоа е природен и многу важен дел од нашиот живот и секојдневие. Правилниот сон е предуслов за продуктивен ден и наполнети резервоари со енергија. Потребни ни се од 7 до 8 часа сон за правилно и здраво функционирање. Недостигот на сон организмот го памети и потоа бара да го надополниме или го одразува низ нас. - Посетувајте го вашиот заболекар најмалку два пати годишно
Четкајте ги забите најмалку два пати на ден, чистете ги со конец, чистете го забниот камен и посетувајте го својот заболекар барем два пати годишно. Не водење грижа за забите може да води до многу други здравствени проблеми и дополнителни болки. Имаме едни заби до крајот на животот и важно е правилно да водиме грижа за нив. - Избегнувајте го алкохолот
Конзумирајте алкохол во мали и пристојни количини. Премногу алкохол го оштетува црниот дроб и може да доведе до рак на црнот дроб. Алкохолот е меѓу најголемите причини за сообаќајни несреќи или во случаите на семејно насилство. Тој се одразува негативно врз целиот организам, здавје и изглед на човекот.
- Престанете да пушите
Најмалку 400.000 Американци годишно умираат од рак кој е предизвикан од пушење премногу цигари. Пушењето цигари може да предизвика рак на бели дробови и различни срцеви заболувања. Откажувањето од цигари е тежок и болен процес за многумина но се почнува пополека со секој ден помалку испушени цигари од претходниот а еден ден ќе си бидете благодарни што сте го сториле тоа. - Минимализирајте го времето што го поминувате пред компјутерските екрани и на телефон
Екраните освен што се лоши за нашиот вид се одразуваат негативно врз целото наше здравје. Живееме во време на “сајбер зомбиња” кои првото нешто наутро и последното нешто навечер во кое ќе погледнат ќе биде нивниот телефон, луѓе кои се заробени во светот во екраните кој е совршен и лажен. На тој начин го пропуштаме мигот, денот, го пропуштаме животот. Калкулирајте го времето кое ќе го поминете на телефон или пред компјутер, оставајте го телефонот во другата соба, поминувајте повеќе време со луѓе и во природа и уживајте во секој момент како да ви е последен бидејќи еден ден, без да знаете, навистина и ќе биде последен.