Fashion

7 фустани кои најмногу ќе се носат ова лето

Единственото парче облека кое можете да го носите на плажа, на кафе, на вечера, на прошетки, на прослави, на пикнизи, на венчавки и во која и да било ситуација и да изгледа соодветно во секоја пригода е фустанот. Фустаните се лесни за носење, лесни за облекување и комбинирање и најважно од се тие се удобни. Иако фустаните можат да се носат во било кое годишно време сепак летото е сезона на фустани и тие најмногу доминираат во јуни, јули и август. Во продолжение погледнете ги топ 7те фустани кои ова лето ќе бидат најактуелни.

1. Маица-фустан

 

Маиците-фустани ги гледаме по улиците постојано оваа сезона. Тие се удобни, кул и лесни за носење. Ги има во најразлични должини – под колена, до колена, над колена. Можат да се комбинираат со каиш или ташничка околу половината за да фустанот добие облик.

2. Широки фустани

Овие фустани се во исто време и класични и елегнатни. Прилегаат убаво на секоја градба на тело и имаат безвременски изглед. Лесни се за комбинирање и носење.

3. Широки фустани со израз на деколтето

Овие модели на фустани се доста атрактивни и ги гледаме постојано на девојките и жените по улиците. Во исто време се летни но даваат свечени и елегантни тонови. Горниот дел го истакнува деколтето а долниот е широк и таинствен. Овие фустани многу лесно можат да се комбинираат со плетени торби кои исто така се актуелни летово како и со сандали или чевли на високи потпетици.

4. Фустани со цветен принт

Ова се можеби најактуелните фустани за ова лето. Цветниот принт е насекаде – на корсети, на градници, на пантолони, на маички и секако на фустаните. Со ракави или без, долги или кратки ова се најносените фустани ова лето и по еден примерок сигурно ќе надете во секој женски плакар.

5. Фустани со принт на коцки

Фустаните со принт на коцки се навистина уникатни со ретро лежерен тон. Стојат убаво на секое тело и прават да изгледате елегантно и кул. Погодни се за на пикник, за на плажа или за во ресторант. Впечатливи се и се комбинараат лесно.

6. Фустани во V израз

Ова лето не можете да го спакувате вашиот куфер а да не ставите во него фустани од овој вид. Погодни се за топлото време и можете да ги носите во било која пригода. Материјалот е лесен и удобен и овие фустани можат да се носат без градници.

7. Ретро фустани

 

Ретро фустаните се класични едноставни фустани кои со нивниот ретро но сепак модерен тон даваат убав свеж изглед на оној кој го носи. Удобни се за носење и лесни за комбинирање. Без сомневање дека овој фустан треба да биде дел од вашата летна гардероба.