Fashion, Womens health

Градници, бралети и се што треба да знаете за нив

Живееме во свет каде што телевизијата, медиумите, списанијата, социјалните медиуми испраќаат јасни пораки до младите девојки и жени – ”поголемите гради се подобри” или “многу е важно да имаш големи гради”. Потоа жената која го слуша ова оди во продавница и купува градник со пушап. Без разлика на тоа што прерамките на тој градник се вкопуваат во нејзините раменици, без разлика на тоа што е премногу стегната, не се чувствува удобно, одвај дише и нејзиниот рбет се искривува таа сепак го облекува тој градник и пробува да се вклопи во стандардите за убавина кои светот ги диктира. Ова се случува на милиони жени низ светот. Изборот на правилен градник е исто онолку битен колку изборот на правилен животен партнер – бидејќи од правилниот или погрешниот избор произлегуваат низа последици. И тоа најчесто последици кои се однесуваат на здравјето. Една студија покажала дека 80% од жените носат погрешен број на градник а 59% се жалат дека нивните градници им предзикуваат болки во грбот и рамениците.

Да погледнеме малку во историјата. Пред да настанат градници жените носеле корсети. Тие биле најзастапени во Ренесансата и Викторијанската ера. Немало жена што не си го заробувала телото во жици кои можеби ја истенчувале половината но имале сериозни последици по здравјето. Носењето корсети во тоа време било пропратено со вртоглавици, онесевестувања па дури и смалување на орагните во доменот на половината. Во 1917 година додека траела првата светска војна воената индустрија во Америка побарала од жените да престанат да носат корсети поради обидот да се заштеди метал кој би се искористил за воени потреби. После ова воената индустрија ги зголемила резервите за метал за 28000 тони што е доволно да се изградат два воени бродови. Ова кажува колку многу се носеле корсетите во тоа време.
После корсетите дошле на ред градниците. Првиот градник е измислен во 1910 година  од Мери Џејкоб Филипс која во тоа време имала само 19 години. Низ минатиот век градниците се модифицирале, унапредувале и го добиле денешниот облик. Во 1946 бил измислен “the no bra” кој е многу сличен со денешните бралети. Бралети се градници без жици и пушап кои се многу поудобни од обичните.

Ако погледнеме поубаво минатото не се разликува многу од сегашноста. Ако во 16ти век жените биле заробени во корсети полни со жици во 21ви век се заробени во градници со жици најчесто пушап и со погрешен број од оној вистинскиот. Градниците се нешто кое е секојдневие на секоја жена ширум светот и како такво мораме да му посветиме поголемо внимание. При изборот на градник е важно да се измериме. Нашата големина може да варира со текот на годините а градник кој е промногу мал или премногу голем може да ни предизвика болки во грбот и да ја иритира нашата кожа. Исто така и градниците имаат рок на траење и тоа е најчесто период од шест месеци. Така да внимавајте и менувајте ги градниците на секои шест месеци. Кога купувате градник гледајте да се чувствувате удобно во него, жиците да стојат на место но да не ве бодат и создаваат модринки. После се, поентата на облеката е да се чувствуваме удобно во неа а не да ни создава тешкотии и проблеми. Затоа дами бирајте правилно, чувајте се и чувствувајте се секогаш удобно.