Сите знаеме дека французинките јадат сирење и пијат вино, дека пушат многу цигари и дека возат велосипеди, дека се елегнатни и дека се слаби. Тоа се некои работи (поголем дел стереотипи) кои сите ги знаат и поврзуваат со французинките. Но што е она што не го знаеме за французинките? Што е она што ги прави французинките посебни, уникатни, впечатливи? Која е тајната која се крие зад нивната убавина и што можеме да научиме и примениме од нив што ќе ни помогне да се чувствуваме поубаво? Во продолжение прочитајте неколку карактеристики и тајни кои ни ги откриваат француските жени.
Ако ги прашате французинките да ви ја откријат нивната make-up рутина поголемиот дел од нив ќе ви кажат дека преферираат природен изглед кој се состои од дневен хидратирачки крем, руменило и маскара. Французинките не сакаат премногу шминка која тежи на лицето туку преферираат свеж изглед. Тие тврдат дека make up изгледот не треба да изгледа како да се трудите премногу. Исто така французинките се познати по фразата “Се разбудив вака”. За таа цел тие не ја чешлаат косата секој ден, така спречуваат да им се оштети на врвовите а со тоа исто така добиваат природен messy look.
Французинките настојуваат да се чувствуваат удобно во својата кожа. За нив тоа е особено важно. За таа цел користат заштитни кремови, лосиони за тело и маски за лице. Тие тврдат дека колку повеќе се грижите за вашата кожа толку помалку шминка ви е потребна. За да имате убава кожа на телото и лицето тајната е да се вљубите во рутината за нивната нега а не да ја гледате како нешто напорно и здодевно. Французинките се свесни и го прифаќаат фактот дека стареењето е дел од животот и тие не се борат со тој процес. Не вбризгуваат инекции во лицето, не си ги полнат усните, не си ги корегираат носевите. Тие веруваат дека тоа им ја одзема уникатноста на лицето.
Што се однесува до стилот и облекувањето и таму има посебни “правила” кои се знаат и практикуваат. Едно од тие правила е дека less is more или помалку е повеќе. Французинките не сакаат да го комплицираат својот изглед со премногу додатоци и, исто како и со шминкањето, тие се трудат тоа да биде наједноставно што може. Следно, тие не се обожаватели на високи потпетици и многу ретко во текот на денот ќе ги видите да носат чевли дури и со минимална потпетица. Најчесто тие носат сандали, балетанки, патики, папучи и настојуваат да се чувствуваат удобно но сепак тоа да изгледа модерно и убаво. Плакарите на французинките се полни со неутрални бои а дел од нив велат дека секоја французинка поседува едно специјално парче облека кое го носи често и кое ја прави целта работа. Исто така секоја французинка настојува да создаде надворешен стил и изглед по кој ќе биде препознатлива и кој ќе ја дефинира. Како познатата дизајнерка на накит Сузан Белперон која кога ја прашале зошто не го потпишува накитот кој го создава таа одговорила “Мојот стил е мојот потпис.”
Французинка не се станува, французинка се раѓа. Но сепак можеме од нив да позајмиме неколку совети и трикови кои ќе ни помогнат да изгледаме и да се чувствувме убаво. Погоре прочитавте само дел од нив а листата секако продолжува. Ако треба да понесете само една реченица од статијава нека биде тоа дека инвестицијата во себе, во свето тело, лице и здравје секогаш е исплатлива инвестиција и дека целата поента е да се чувствувате убаво во своја кожа, да зрачите и со тоа да инспирирате и други луѓе да го направат истото.