Celebrities, Fashion

Летни модни комбинации од инфлуенсерите на социјалните медиуми

Во минатиот век најновите модни парчиња облека и трендовите кои се во тек биле информации кои се црпеле од модните списанија и од емисиите на телевизиските екрани. Денес веќе технологијата доминира со светот и новите времиња ни ја овозможуваат опцијата тоа да го правиме од мал екран кој го собира во џебот и кој може да се носи секаде. Покрај пандемијата луѓето се повеќе практикуваат да купуваат онлајн отколку во продавници и голем дел од трговијата веќе се одвива преку социјалните медиуми. А инфлуенсерите се тука за да ни ги пренесат модните новости преку слики. Денес инстаграм, тик ток и други слични апликации имаат големо влијание врз луѓето и може да се каже дека жените и девојките при избирање на својата облека инспирацијата ја земаат од своите омилени инфлуенсери. Преку креативните содржини на инфлуенсерите многу полесно можеме да ги дознаеме новитетите, да го откриеме стилот кој ни прилега, да дознаеме кои производи се на попуст, продавници и сајтови од каде би можеле да купуваме и сл. Следејќи ги нив облекувањето и шопингот ни е олеснето, интересно и забавно. Летната сезона е пред крај а ние издвоивме неколку инфлуенсери со нивните модни комбинации кои ја обележаа сезоната.

@leoniehanne


@dolorescfr

@jeanne_andreaa

@melisekrem

@xenia

@maralafontan