Fashion

Марами за на глава, како да ги комбинирате и носите со стил

Марамите за на глава го имаа својот момент и доминација во деведесетите но се чини дека тие повторно се враќаат во мода и повторно се кул. Благодарение на Ковид-19 наоколу гледаме се повеќе марами кои некои луѓе ги користат како заштитни маски. Но дури и пред пандемијата марамите или како што некои ги нарекуваат бандани имаа своја категорија на луѓе кои ги носеа како модни додатоци или како дел од стајлингот кој дава свежа бутовничка нота на целиот изглед. Марамите најчесто се носат во лето. Луѓето ги носат за да се заштитат од сонцето, некои ги носат за да им ја држи косата а некои пак едноставно бидејќи е убав моден додаток. Сепак банданите не се обично парче материјал туку тие имаат свое значење, порака која ја испраќаат и приказна која се крие зад нив.  Ако се потсетиме на сликовниците и стриповите кои сме ги читале како деца ќе ни текне дека сите каубои носеле марама.  И не само каубоите туку и бандитите, пиратите и ајдуците. Банданните отсекогаш праќале нема порака на бунтовник и далаве тон на некаква бунтовност. И ден денес ќе видите марами кај бајкери, кај раперите, јавачите на коњи, мексиканските танцувачи, аргентинските феминистки, па дури и Теодор Рузвелт носел марама околу вратот. Во некои картели во Мексико секој член од картелот добива марама т.е. бандана во одредена боја и ја носи врзана околу рачниот зглоб и тоа ја означува неговата припадност во тој картел.

Оригиналното потекло на банданите е од Индија а жените на почетокот ги носеле за да си приберат косата или за да ја спречат да им паѓа во лицето. Денес марамите за на глава се одличен моден додадок како за на плажа така и во секојдневието. Не само што ви ја заштитува главата од сонцето туку и прави да изгледате уникатно, бунтовнички и кул. Бидејќи ги има од секаков вид почнувајќи од обични па се до свилени и со најразлични дезени и шари нив можете да ги коминирате со секаков аутфит. Само еден моден додаток како марама за на глава комплентно може да го промени вашиот изглед и да му даде поинакво значење. Фактот дека марамите за на глава се ин не го избегнуваат ни големите модни куќи како што се Gucci, Dolce & Gabbana, Marc Jacobs и поизведуваат свои линии на марами за глава кои можат да се видат на девојките на модните ревии.

Во продолжение погледнете неколку идеи за тоа како да ги врзете марамите за на глава и како да ги комбинирате.