Fashion

Модата во време на војната

Периодот помеѓу 1939 и 1945 е период кој човештвото засекогаш ќе го памети. Војната ги фрлила своите сенки врз сите и не изоставила никого. Мажите, жените, децата. Но исто така ова е и период кој модата засекогаш ќе го памети бидејќи оваа трагедија и дала нов правец на модата. Заминувајќи во војната мажите ги оставале своите жени дома но исто така ги оставале и задачите кои до тогаш ги вршеле само тие – земјоделството, работата во фабриките, занаетчиството кои сега жените требале да ги вршат наместо нив. Вршејќи ги нивните работи жените не можеле да носат фустани и корсети и морале да почнат да облекуваат пантолони и работнички униформи. Жените кои до тогаш не ја знаеле удобноста и слободата која ја даваат панталоните почнале да уживаат во истите. Жените за време на војната била прва генерција на жени која одбила да носи корсет. После војната ништо не било исто, модата каква што била тогаш претрпела измени и многу додадоци и престанала да биде ограничена само на здолништа и корсети.

Во време на војаната ресурсите биле ограничени. Храната одела за војниците, горивото одело за тенковите и борбените авиони а материјалите оделе за униформите на војниците. Немало доволно ресурси и жените биле принудени да пробуваат да направат нешто ново од она старо што го имаат. Расшивале и сошивале нови комбинации, си играле со својата креативност. Најчесто жените знаеле да земат некој износен костим на своите татковци и мажи кои биле во војна и да го преобразат во женски костим. Секој месец се објавувале книги со шеми за плетење бидејќи и плетењето било голем дел од животот на жените тогаш. Тие плетеле џемпери, капи, шалови, ракавици а голем дел од нив и праќале на фронтовите на своите мажи.
Во четириесетите најголемиот предмет на обожување кај жените биле свилените хулахопки. Тие биле многу ретки со оглед на тоа што целата свила одела за кроење подобрани и многу други работи потребни за војната. Па кога жените не можеле да си дозволат хулахопки си ги боеле нозете со течност која на нозете им давала изглед како да има хулахопки на нив. Исто така сите жени носеле шапки. Во најразлични бои и дизајни. Додека во триесетите шапките се носеле за да една жена изгледа како дама во четириесетите шапките се носеле поради забава. Оние жени кои работеле во фабрките задолжително покрај машките униформи носеле и марами или турбани со кои си ја врзувале косата за да не ја оштетат при работа. Тогаш започнал трендот на марамите кој трае и ден денес.

Што се однесува до машката мода за време на војната ако погледнете слики од мажи во тоа време на сите ќе забележите една иста работа – униформи, униформи и само униформи. Додека пак цивилната облека за мажи пак се состоела од огромни палта, панталони со висок струк и вртовраски кои биле пократки но многу по шарени од денешните.

Во четириесетите додека мажите биле во војна жените го искусиле вкусот на слободата. Слободата во работата бидејќи сега тие биле фармери, возачи, доктори и слободата во облекувањето бидејќи ситуацијата налагала секој пат кога ќе се огласи сирената за опасност тие на себе набрзина да нафрлат широк машки костим и да се засолнат во некој подрум. Така тие почнале да се навикнуваат на удобноста на панталоните и на широките џемпери и кошули. Секако модата не била сменета веднаш по завршувањето на војната но сепак тој период неминовно имал големо влијание на правецот во кој почнала пополека да се движи модата. Жените почнале да ја разбираат модата повеќе, да и даваат поинакво значење на облеката и да ја гледаат на поинаков начин. Четириесетите биле години на страшна трагедија од кои сите со себе си понеле свој сувенир. Секако ни модата не останала со празни раце.