Uncategorized

Најдобри дестинации за летување ова лето

Една од најголемите дилеми во летните месеци е онаа каде да се оди на одмор. Колку и да е светот едно глобално село тој сепак е голем и има толку многу неверојатни места да се посетат и видат. На луѓето кои работат цела година навистина им значи оние петнаесет дена годишен одмор да го потрошат паметно и да уживаат во истиот. За таа цел во продолжение селедуваат неколку дестинации кои се идеални за летување и кои ќе ви помогнат во дилемата “каде на одмор?”.

Кападокија, Турција

Кападокија е место каде што можеш да спиеш на отворено или во пештера, каде можеш да се вивнеш во облаците со огромен џиновски балон, каде што не можеш да се одлучиш дали зајдисонцето е поубаво од изгрејсонцето. Територијата на Кападокија е формирана од вулканска ерозија како последицна на група вулкани кои еруптирале пред околу три милиони години. Иако сите ја препознават Кападокија по балоните на топол воздух Кападокија исто така е позата по коњите. Името Кападокија потекнува од персиски и значи “земјата на убавите коњи”. Кападокија е полна со подземни градови, над 600 цркви, музички концерти, многу продавници за килими, антикварници и дефиитивно е интересно место за одмор.

Маите, Хаваи

Маите се втори најдолги острови на Хаваите. Тропската клима и повеќе од 80 плажи ги прават Маите привлечни за летување. На Маите можете да уживате во спортови на вода, можете со хелихоптер да летате над нив за да го доловите секој нивен дел, да ги одморите очите со нивното зеленило и прекрасни водопади или да уживате во нивните мали продавнички, галерии и музеи. Маите се одличен избор и авантура за оние што преферираат одмор покрај вода.

Котор, Монтенегро

Eпицентарот на Котор е Стари Град каде што улиците и старите ѕидови немо ќе ви раскажат приказни стари илјада години. Карактеристично за Котор е тоа што е град на мачки. Ќе ги видите насекаде по улиците, оптегнати по камените улички, прагови, балкони. Тие иако се улични мачки сепак се питоми, со убаво влакно и нахранети. Друга сензација на градот е замокот San Giovanni во кој за да стигнете до врвот ви требаат 1350 чекори но глетката навистина вреди. Котор е полн со мали бротчиња, древни камени порти и ѕидини, тесни улички со пријатни кафулиња, пријателски настроени мачки, вксуна храна и магичен амбиент.

Бора Бора, Француска Полинезија

 

Убавините на Бора Бора се прочуени на сите краеви на глобусот. Во антички времиња овие острови биле познати како “Pora Pora mai te pora” што би значело во превод “создадени од боговите”. А само пет минути на нивното тло ви требаат за да сфатите дека ова не е далеку од вистината. Бора Бора се острови создадени за релаксација кои изобилуваат со бунгалови на вода, тропска џунгла, здивоодземувачки погледи и волшебен мир и спокој. Овие острови најчесто луѓето ги бираат како дестинација за нивниот меден месец но има и многу туристи кои доаѓаат на една недела за да уживаат во ова светско чудно.

Барселона, Шпанија

Циутадела паркот, песочните плажи во La Barceloneta, градините во Паркот Гуељ кој настанал од вештата рака на Антонио Гауди, црквата Света Фамилија се само дел од сензациите на убавата Барселона. Прошетајте се по Рамбла почастете се со сладолед и уживајте во магичната атмофера на бучниот град. За љубителите на песок, вода и сладникави коктели Барселона исто така има и убави плажи како што се плажата Богател, Нова Икарија, Mar Bella и многу други. Барселона е место кое вреди да го посетите.

Канкун, Мексико

Канкун е познат по неговите безбројни плажи и ресорти а и по неговиот ноќен живот. Она што треба да се види во Канкун се националнте природни паркови, Playa del Carmen, ноќните клубови, Каниотите кои се скриени природни базени полни со минерална вода кои се наоѓаат во пештери и се едно магично искуство. Канкун е совршено место за одмор и релаксација, со пријатна клима, со убави плажи и солена вода. Навистина е уникатен и a must see место.