Fashion

Погледнете ги најдобрите 10 костими за капење на Ерос

Летото ја доживува својата точка на колуминација. Плажите се полни, црвената линија на термометрите се искачува се повеќе и повеќе а побарувачката на ледени пијалоци го достигна својот максимум. Повеќе од очигледно е дека сме во сезона на одмори. Најголемиот дел од времето на одмор го поминуваме во костими за капење и токму поради таа причина изборот на костим за капење е од особено значење. Треба да ни пружи удобност а во исто време и самодоверба, да му даде убав облик на телото но и подршка. Потрагата понекогаш знае да биде долга и исцрпувачка и за таа цел ние од Ерос, кои сме познати по производите со добар квалитет, ви нудиме листа од нашите најдобри десет костими за капење. Палетата избор изобилува броеви за секое тело и модели кои одговараат на секој тип на девојка. Во продолжение погледнете го нашиот избор за вас.

1.

Ова е навистина уникатен костим за капење кој освен во портокалова достапен е и во светло сина и со светло розова боја. Материјалот од кој се изработени е високо квалитетен а додатоците не потемнуваат и не рѓосуваат независно колку пати ќе дојдат во допир со вода. Стои многу убаво на секаква градба на тело.

2.

Овој костим за капење во црвена боја доаѓа во три дела – долен, горен и третиот дел кој е наметка за половината во изглед на сукњичка која се може да се собере или продолжи по ваш избор. Црвената е навистина храбра боја која убаво го истакнува телото и која прилега многу убаво и затоа нема да погрешите при овој избор.

3.

Ова е костим за капење со интересен дезен – тигресто црвен а и со уникатен дизајн – две прерамки одат на исто рамо. Совршено стои и прилега и го истакува телото. Како и горниот така и долниот дел има свој посебен дизајн и е изработен од најкавлитетен материјал.

4.

За љубителите на розова боја ова е идеален костим за капење. Корпите на горниот дел се поминати со светкави додатоци а истиот елемент го има и на долниот дел. Ова е класичен модел но секако е уникатен на свој начин и се издвојува од другите.

5.

Жолтата боја несомнено е ин последниве сезони а совршено се вклопува и во еден костим за капење. А во тоа можете да се уверите гледајќи го овој костм за капење. Ги истакнува градите а сепак се носи лесно. Прилега убаво а особено на исончан тен. А кога ќе се сончате со него не мора да се грижите дали ќе ви останат бели линии околу вратот.

6.

Ова е едноделен костим за капење во бела боја кој исто така го имаме и во црна. Доаѓа заедно со додаток кој се врзува околу половината и не потемнува и рѓосува во вода. Совршено го стакнува деколтето и колковите и е доста уникатен. А квалитетниот материјал ќе ви овозможи да го носите не само ова лето.

7.

Ова е уште еден костим за капење кој доаѓа во три дела. Неговиот дезен изгледа како украден од небо со зајдисонце. Третиот дел е марама која се врзува околу половината и прилега фантастично.

8.

Ова е еден од најбараните модели. Класика но сепак стои многу убаво и прави да се чувствувате лесно и комфорно. Материјалот е доста квалитетен а достапен е во повеќе бои.

9.

Уште еден костим за капење од серијалот на едноделните костими. Изработен е од квалитетен материјал кој ќе трае долго и има отворен дел кај стомакот. Неговиот златеникаво розев дезен без сомевање краде погледи.

10.

Црната е евергрин. Секогаш е во мода и секогаш може да се комбинира со било што. А истото важи и кога ќе ја ставиме во иста реченица со костим за капење. Дизајнот на овој модел е совршен и истиот може да се носи и заврзе на повеќе начини. Нема да погрешите ако го изберете како ваш придружник на плажа ова лето.