Celebrities

Приказни на 8те најуспешни жени во светот

Секогаш ме инспирирале приказни за успешни жени. За жени кои во овој свет на мажи се избориле за своето место и за својот глас. Жени кои успеале да направат нешто од ништо. Жени кои дошле од некое место кое одвај го има на географска карта, без пари, без подршка од најблиските и кои и покрај тоа успеале да го запишат своето име некаде. Слушајќи и читајќи такви приказни сум наоѓала мотивација – кога можат тие зошто не би можела и јас. За оваа статија избрав осум приказни за едни од најуспешните жени во светот. Пред да ги прочитате нивните приказни сакам да напоменам дека ова се осум жени кои јас ги одбрав и дека листата, за среќа, не почнува ни завршува со нив. Освен овие осум листата продолжува и со Мишел Обама, Емили Дикинсон, Вирџинија Вулф, Одри Хепберн, Маргарет Тачер и многу други а се надевам еден ден и амбициозната жена која ја чита оваа статија ќе си го запише името покрај овие големци.

Клеопатра ( 69 п.н.е. – 30 п.н.е.)

Клеопатра била најмоќен фараон во времето во кое владеела. Таа била единствена кралица која знаела да чита и пишува на египетски. Покрај египетскиот знаела да зборува на девет јазика и имала неверојатен шарм кој ги привлекувал мажите. Додека таа владеела египетскиот се користел како официјален јазик. Клеопатра била екстремно амбициозна, интелектуална, не била класично убава но нејзиниот шарм ја правел целата работа. Жените ја имитирале и сакале да бидат како неа. Таа била икона на своето време. Се смета за последна независна владетелка на земјата бидејќи по нејзината смрт Египет станува римска провинција.

Коко Шанел (1883-1971)

Коко е родена на 18ти август 1883 година. Нејзината приказна започнува на лош начин но завршува спектакуларно. Во почетокот на своето детство поминала 7 години во сиропиталиште и таму научила да шие. Дење шиела а ноќе пеела во кабаре каде што го добила својот прекар Коко. Во младоста се облекувала како никој друг, не следела правила, сама си содавала свои комбинации. Во 1910 година конечно успеала сама да си финансира своја продавница за шапки. Нејзните први муштерии биле од работничка класа но подоцна почнале и побогатите да одат кај неа.Таа создала револуција во модата. Во тоа време имало правила како една жена треба да се однесува и да изгледа а Коко ги ослободила жените од тие правила. Денес постојат над 3000 Шанел продавници а нејзиното име е синоним за успех.

Марија Кири (1867-1934)

Марија Кири пораснала во Варшава, во Полска. Таа била одличен студент но сепак како жена во тоа време имала потешкотии во стекнувањето повисоко образование. За таа цел работела и штедела пари за да се пресели во Париз и да почне да студира на унивезитетот во Сорбона. Додека учела таму таа преживувала само на леб и чај а понекогаш и се онесвестувала од глад но тоа сепак не ја спречило да ги добие своите дипломи по математика и физика. Во Париз го запознала Пјер Кири кој бил исто така физичар и во кој се заљубила и со кој се венчала. Работејќи заедно во својата лабараторија тие дошле до значајни откритија. Ним и го препишуваме откривањето на два хемиски елементи – полониум и радиум а и го вовеле терминот радиокативност. Во 1903 година Пјер и Марија Кири заедно со Анри Бекерел добиле Нобелова награда по физика. Во 1911 Марија добила уште една Нобелова награда овој пат за хемија. Со ова таа станала првата и до денеш ден единствена личност која добила Нобелова награда во две области. Медицината, нуклеарната физика, технологијата засекогаш ќе ја паметат Марија Кири и ќе и бидат благодарни за нејзините достигнувања. Марија започнала нова ера во овие области и засекогаш го запишала своето име во историјата.

 

Џ.К. Роулинг (1965)

Приказната за храбриот волшебник со лузна на челото во вид на молња кој оди да учи во училиштето за магија Хогвартс излегла од имагинацијата на Џоана Роулинг. Таа е родена во Велика Британија на истиот ден кога е роден и Хари Потер – 31 јули. Пред да стане еден од најуспешните автори на сите времиња има доста тешко минато. Била малтретирана од својот сопруг и останала самохрана мајка на 28 години. Била премногу сиромашна а на 30 години почнале да ја прогонуваат мисли за самоубиство. Сепак успеала да се избори со нив фокусирајки се на единственото нешто што знаела да го прави најдобро – да пишува. Пишувањето во тие години била единствената работа која и влевала надеж. Џоана Роулинг била одбиена 12 пати пред конечно нејзината книга да биде објавена кога таа имала триесет и една година. Џоана цврсто верувала и се држела за својата приказна и токму тоа ја довело до успехот. На 35 години била прогласена за автор на годината а на 42 години на првиот ден на објавувањето на новата книга продала 11 милиони копии. Во период од пет години таа станува мултимилионер.

 

Oпра Винфри (1954)

Опра е родена на 29 јануари во Мисисипи и своите рани години претежно ги поминала во сиромаштија. Опра била интелигентно дете на кое говорништвото му одело од рака. Добила стипендија на универзитет каде што ја изучувала комуникацијата. Почнала да работи на радио, а потоа и на телевизија каде што била најмладиот вработен. Подоцна започнува свое телевизиско шоу Oprah Winfrey Show каде што гостуваат најпознати светски лица како што се Мајкл Џексон, Том Круз, Ријана, Витни Хјустон и др. Опра Винфри е најбогатата Афроамериканка на 20ти века и најголемиот афроамеркански филантроп на сите времиња.

 

Елеонор Рузвелт (1884-1962)

Елеонор е родена во Њујорк. Таа била родена во раскош но додека да наполни 10 години таа веќе станала сирак. Подоцна го запознала Френклин Рузвлет во кој веднаш се вљубила. Нивната љубов ја крунисале со брак на 17 март 1905 и таа заедно со Френклин имала шест деца. Kога Френклин бил избран за претседател на САД во 1933 Елеонор станала првва дама на САД. Подоцна со своите активности и залагања таа станала делегатка на САД во Обединетите нации и активистка за човекови права. Елеонор Рузвелт починала во својот стан во Менхетен на 78 годишна возраст а светот ќе ја памети како голем борец против неправдата и една од највлијателните женски фигури во историјата.

Мајка Тереза (1910-1997)

Мајка Тереза е родена на 26 август 1910 година во Скопје како најмало дете во нејзиното семејство. Нејзиното прво име било Гонџа Агнес Бојаџиу.  На осумнаесет години одлучила да биде калуѓерка и заминала во Ирска за да се придружи да сестринството Лорето во Даблин. Таму го сменила своето име во сестра Марија Тереза. Во Калкута ја дава својата прва заклетва и таму работи најпрвин како наставник во училиштето “Света Марија” а подоцна и како директор. Својот живот таа го посветила на болните, напуштените и сиромашните луѓе. Мајка Тереза има добиено многу ордени, награди и признанија меѓу кои и Нобелова награда за мир која ја добила на 10ти декември 1979.

Фрида Кало (1907-1954)

Фрида дошла на земјава на 6ти јули 1907 во Канкун во Мексико. Скоро целиот свој живот го поминала во “мала сина куќичка” во родното место. Нејзините соученици од тоа време ја опишувале како храбра личност и некој кој не се плаши да го искаже тоа што го мисли. Повредувајќи се во сообраќајна несреќа таа била врзана за кревет доста долг период. Поради тоа нејзините родители и подаруваат кревет со балдахин и со огледало на таванот за таа да може да се гледа во него и да слика и да бои. Така започнала да црта автопортрети. Нејзините слики подоцна ги откриваат успешни сликари. Една од нејзините слики е купена за да стои во Лувр и е прва слика која стои таму од Мексикански сликар. Фрида преку уметноста ја искажувала својата физичка болка која настапила во подоцнежните години од нејзиниот живот. И покрај многу здравствени предизвици кои ги имала таа сепак не престанала да твори а и била доста политички активна. Фрида починала на 47 години. Таа е запаметена како икона на женската креативност.