Fashion

Трендовите од 90тите се враќаат во мода

NBC ги најави Friends, беше објавена првата книга за Хари Потер, светот го запозна Google, Макарена стана популарен танц а Microsoft го спаси Apple кој беше пред банкрот. Да, сето ова ги обележа 90тите. Последната генерација пред социјалните медиуми. Ера на боите, на слободата, ера на филмовите и добрата музика, на уникатни и единствени модни трендови, ера на поп културата, на уметноста, на мирот. Години за кои само оној кој ги доживеал може да раскаже за нивната убавина и уникатност а останатите можат да читаат и да замислуваат. Главна карактеристика на модата е тоа што после одредено време таа се повторува, се враќаат одредени стилови и трендови. Денес фокусот ни е на 90тите и во продолжение прочитајте кои модни трендови се враќаат во мода.

1.Фармерки

Ако прошетате наоколу по улиците ќе забележите дека тесните, залепени за тело фармерки почнуваат да се заменуваат со широки и поудобни варијанти кои се широки или пак тесни во горниот дел а широки во ногавиците. Широките фармерки, меѓу кои познатите mom jeans, биле тренд во 90тите и денес се враќаат на сцена.

2.Чевли на платформа

 

Може да се каже дека чевлите на платформа ги прославија the Spice Girls. Во 90тите оваа група на жени имале најголемо модно влијание врз светот. Иако чевлите на платформа биле идеални за ниските девојки за да добијат неколку сантиметри во висина сепак нив ги носеле и високи девојки бидејќи никој не можел да им одолее. Биле едни од ретките чевли кои ја правеле жената висока но и биле удобни во исто време. Денес овој тренд се враќа и во бутиците се продаваат се повеќе чевли и патики со дебела платформа кои изгледаат спектакуларно.

3. Бакет капа

Капите се носеле многу во 90тите но бакет капите биле нешто поинакво. Иако потсеќаат на рибарски капи мажите и жените ги носеле во секаква пригода. Особено биле актуелни кај раперите. Денес постојaно по улиците кај младите но и кај постарите може да ги забележиме бакет капите на главите кои повторно се враќаат во мода.

4. Мрежести маици

Мрежести маички преведени од англиското mesh shirts се провидни црни маички нaјчесто изработени од полиестер. Тие се враќаат во мода на неколку години и се чини дека ова е нивниот нов момент. Tие се провидни, со принт или без, и се комбинираат со најразлини бралети и градници.

5. Чокери

Чокер е тесен гердан кој се изработува од најразлични материјали како што се метал, кожа, свила и сл. Чокерот се прославил благодарение на Данската Кралица Александра која секогаш носела чокер за да ја прекрие лузната која ја имала на вратот. Низ годините чокерот станал доста актуелен но во 90тите било тешко да најдете девојка без чокер а понекогаш ги носеле дури и машките. Денес во секоја продавница за накит можете да купите чокер и да го искмбинирате со билокаква гардероба.

6. Кроп Топ

Кроп топите се кратки маички или блузи кои го експонираат стомакот и абдоменот. Реално гледано кроп топите никогаш не ни излегле од мода. Тие се актуелни секоја сезона и секоја година излегуваат поубави и помодерни модели. Во 90тите биле голем тренд кој според изворите и го должиме на Бритни Спирс.