Животот не доаѓа со упатство за употреба но од друга страна доаѓа со емоции а тие се наш компас, патоказ, нешто што ќе ни го покаже вистинскиот правец кога се чувствуваме изгубени. Животот доаѓа со интуиција. Интуицијата е наш внатрешен ГПС систем. Интуицијата е она тивко гласче во себе кое ни шепоти што е најдобро да се направи. Но не секогаш ја слушаме интуцијата. Не ја слушаме бидејќи, првин, целиот свет не учи дека треба да ја следиме логиката а интуицијата не е логична и, второ, мислите во нашата глава се толку бучни и го надвикуваат тоа тивко гласче. Тоа се мисли на страв, двоумење, осудување. Тоа е кога интуцијата ти вели треба да почнеш свој бизнис но логиката ти кажува како ти ќе водиш бизнис без искуство, што знаеш ти за бизнис или што ли ќе кажат луѓето на тоа. Или кога твојот шеф не се однесува фер и е манипулативен а инстинктот ти вели дека треба да ја напуштиш работата но логиката те разубедува со тоа дека ова е сигурна работа, дека ти носи пари и дека ќе биде тешко да најдеш нова работа па така остануваш во место кое си несреќен и кое му штети на твоето ментално здравје. Понекогаш, може да биде и спротивно. Некој ти нуди работа што те возбудува и инспирира и иако интуицијата вреска да логиката ти вели не, ти вели дека е ризично а ти одлучуваш да ја послушаш.
Сите ние сме имале сигурно барем еднаш искуство со интуицијата. Сите ние сме имале ситуација во која сме знаеле дека нешто е така но не сме знаеле од каде знаеме. Сите ние некогаш сме ја послушале интуицијата и се воспоставило дека таа е во право. Зошто? Бидејќи интуицијата секогаш знае што е најдобро за нас. Има безброј примери на луѓе кои кога купуваат куќа и ја бираат според својата интуиција и оние кои се водат по логика и прават листа на предностите и недостатоците на секоја куќа. Во 90% од случаевите подоцна се воспоставува дека оние кои ја бирале куќата по интуиција го направиле подобриот избор. Има и други примери каде луѓе пред да доживеат сообраќајна несреќа предчувствувале дека нешто лошо ќе се случи. Интуицијата е многу помоќна од што мислиме. Пред донесување некоја одлука најважната личност која треба да ја прашаме за совет е нашата интуиција. Кој факултет да го запишам? Дали ова е вистинската личност за мене? Интуицијата го знае одговорот. Секако и мозокот го знае. Но мозокот ќе ти рече дека адвокатот зема повеќе пари од сликарот. Мозокот е логичен, но интуицијата е страствена, полна со верба и љубов.
Како да почнеме да ја слушаме интуицијата повеќе? Ослободувајќи се. Верувајќи повеќе во себе. Медитацијата е одлична вежба за контрола и смирување на мислите. Игри со карти во кои интуитивно ќе погодувате која карта ќе ја извлечете. Преземање акција во мигот кога ќе ви дојде нагон за тоа без да оставате време мозокот да почне да ве разубедува. Правење повеќе работи кои ве релаксираат и опуштаат – цртање, готвење, танцување.
Намалете ге тонот на вашите мисли и зголемете го оној на вашата интуиција и ќе видите како почнуваат да се случуваат чуда. Интуицијата ќе ве одведе на местото каде што треба да стигнете.